Занимливости
Обичаи кои луѓето ширум светот ги прават за Нова Година
Интересни обичаи ширум светот кои луѓето ги прават верувајчи дека наредната година ќе биде подобра од онаа која поминала, со надеж дека може да влијаат над судбината.
– Данците во новогодишната ноќ кршат чинии пред влезната врата. Чиниите означуваат пријатели, односно што повеќе чинии ќе искршат, толку повеќе пријатели ќе имаат во следната година.
-Во Јапонија се смета дека се мора да се прости за во Новата година да влеземе сосема чисти. На 31-ви декември ѕвоната на будистичките храмови ѕвонат 108 пати, затоа што така се бркаат 108-те човечки слабости.
– Стар сицилијански обичај вели дека среќата во Новата година ќе им дојде на оние кои на Нова година јадат лазањи, но несреќа ги очекува сите оние кои на тој ден јадат макарони или било кои други тестенини, освен лазањи.
– Во Шпанија кога ќе отчука полноќ, треба да се изедат дванаесет зрна од грозје, за среќа во секој месец во годината.