Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Од 2 август човештвото почнува да живее „на кредит“

Занимливости

Од 2 август човештвото почнува да живее „на кредит“

Човештвото од 2 август годинава ќе почне да живее на „кредит“, бидејќи до тој ден официјално ќе бидат потрошени залигите на вода, земја и чисти воздух за оваа година.

Според наводите на Светскиот фонд за природата (ВВФ) и мрежата „Глобал Футпринт“, тоа што треба да не загрижува е дека тој ден доаѓа порано од минатата година. Тоа значи дека човештвото до крајот на оваа година ќе живее „на кредит“.

– До 2 август 2017 година ќе искористиме повеќе од природата отколу што таа може да обнови за цела една година. Тоа значи дека само за седум месеци емитувавме поголемо количество на штетни гасови и ги загадивме океаните и шумите повеќе отколку што можат да поднесат за една година. Уловивме многу повеќе риби, исековме повеќе дрва и конзумиравме повеќе вода отколку што Земјата може да произведе во тој период, се наведува во соопштението.

Мерењето се врши од 1986 година, а оваа година датумот кога официјално сме ја исцрпиле Планетата дојде порано од претходно.

За споредба, во 1993 година тој ден бил 21 октомври, во 2003 година 22. септември, а во 2015 година 13 август.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.