Магазин
Одмор на Бермудите
Ако се уште немате план за одмор оваа година, Ви ја препорачуваме плажата Елбоу Бич на Бермудите. Овде можете да го набљудувате изгрејсонцето јавајќи коњ, и потоа цел ден да го минете уживајќи во погледот кон азурните води на Атлантскиот Океан.
Елбоу Бич се наоѓа на јужниот брег на Бермудите и нуди 98 соби за гости, со изглед во колонијален стил, при што секоја од нив ветува комфор, приватност, луксуз, неколку современи детали и совршен поглед на океанот.
Во однос на рекреацијата, децата можат да се забавуваат во клубот што им е посветен ним, додека Вие се опуштате во холистичките спа третмани во када од гранит.
Оние кои сакаат авантура, може да се прошетаат низ гребените и пристаништата, а потоа да се одморат покрај базенот со коктел.