Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Оскаровецот Шон Пен пристигна во Киев: Ја поддржува Украина и снима филм за руската инвазија

Магазин

Оскаровецот Шон Пен пристигна во Киев: Ја поддржува Украина и снима филм за руската инвазија

Оскаровецот Шон Пен пристигна во Киев: Ја поддржува Украина и снима филм за руската инвазија

Оскаровецот Шон Пен (61) пристигнал во Киев, каде планира да сними филм за руската инвазија на Украина, оваа информација ја потврдија и од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Актерот најпрвин се појави на прес-конференција во Киев, на која владини претставници зборуваа за деталите од кризата што ескалира вчера.

Имено, режисерот дошол во Киев да сними се што моментално се случува во Украина и да му ја каже на светот вистината за руската инвазија на таа земја.

– Шон Пен е меѓу оние кои денес ја поддржуваат Украина во Украина. Нашата земја му е благодарна за ваквиот израз на храброст и чесност – се наведува во соопштението и се додава:

– Шон Пен ја покажува храброста што им недостигаше на многу други, особено на некои западни политичари. Колку повеќе такви луѓе, вистински пријатели на Украина, кои ја поддржуваат борбата за слобода, толку побрзо ќе ја запреме оваа одвратна инвазија на Русија. Пен беше во центарот на многу антивоени и хуманитарни операции низ годините.

Како што потврдија од продуцентската куќа Vice Studios, оскаровецот планира да сними документарен филм за настаните во Украина, па веднаш се упатил на терен.

Инаку, Пен последен пат ја посети Украина во ноември 2021 година и ги започна подготовките за овој проект, кога беше во посета на армијата, како што покажуваат фотографиите објавени тогаш од прес-службата на Операцијата на здружените сили на Украина.

– Пен ја посети канцеларијата на претседателот и разговараше со вицепремиерката Ирина Верешчук, како и локални новинари и припадници на украинската армија – пишува Newsweek.

 

 

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.