Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Остров на кој се нурка во „црното око на џиновски череп“ (ФОТО)

Занимливости

Остров на кој се нурка во „црното око на џиновски череп“ (ФОТО)

Нуркањето во Сината дупка – подводна пештера на островот Гоз, е едно од најфасцинантните искуства во светот. 

Новинарката Силвија Марчети ја опиша нејзината авнтура како „скокање во црно око на џиновски череп“ и истакнува дека нуркањето во ова солено езеро може да биде еднакво застрашувачко како што звучи.

Сината дупка е длабока 16 метри, а на нејзиото дно се наоѓа подводен тунел од 80 метри, кој води кон морето.

Водата е кристално чиста, но што подлабоко нуркате, станува се потемно. Длабочината  во некои делови на тунелот достигнува 35 метри, па дури и во најтоплите месеци може да се наежите, поради ниските температурата на водата и поради загарантираниот налет на адреналин.

По убавите природни карпи, обоени во виолетова, жолта и сина боја, како и сунѓери, саси, риби, јагули, октоподи и друг разновидни морски свет, кој го исполнуваат тунелот, следи најголема награда – голема вертикална пукнатина, наречена  „оџак“.

Искусните нуркачи советуваат дека во неа се нурка бавно и дека се користат претежно нозете, затоа што премногу мафтањето предизвикува дигање на песокот од дното, што многу ја намалува видливоста. Зголемената физичка активност исто така придонесува за брзо трошење на кислородот, што значи дека постои можност турата да заврши многу порано, а тоа секако не го сакате.

На четири метри длабочина се гледа преубав морски парк, составен од корали кои се протегаат во отвореното море. Доколку се нема желба да запливата во средината на големото, сино, водено пространство, може да се вратите назад во пештерата и да се ужива во нејзините убавини.

Сепак во Сината дупка не може да се оди сам. Ќе мора да одите до нуркачкиот центар каде просечната цена на разгледување на пештерата чини 40 евра. За минување на тунелот исто така е потребен специјален сертификат, кој укажува на тоа дека сте ги совладале вештините на нуркање до 40 метри длабочина.

До островот Гозо може да се дојде со брод од Малта, а најдоброто време за патување е од јуни до септември. Водата е најтопла во август, но треба да се има предвид дека тогаш има многу посетеност. Од друга страна претстојот во пештерата многу е спектакуларен што најверојатно ќе направи да го заборавите метежот веднаш по нуркањето во неа.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.