Магазин
Островот на лепрозните во близина на Крит
Малото грчко островче Спиналонга, кое денес е една од најголемите знаменитости кај островот Крит, во првата половина од 20 век било прифатилиште за заболени од лепра.
Спиналонга во јули и август минатата година ја посетиле над 4.000 туристи, а весникот „Дејли меил“ го вброи во 10-те најморничави места на планетата Земја. Се наоѓа во заливот Елунда на североисточниот дел од Крит. Од 1903 до 1957 година островот бил „колонија на лепрозните“. Последниот жител на островот, свештеник, го напуштил местото во 1962., и отогаш е ненаселен.
Од 1976 година, местото е под заштита на УНЕСКО.
До островот се стига со брод од најблиските пристаништа.