Занимливости
Осум правила за уживање во кафето
Уживателите на кафето секојдневно се соочувуаат совети и мудрувања околу тоа – дали кофеинот е штетен или полезен.
Експерти по тоа прашање, лекари и диетолози, порачуваат дека кафето не е штетно, само доколку се консумира во умерни количини, како впрочем и се друго.
Тоа значи дека можеме слободно да се насладуваме на секој филџан од оваа напивка, а истовремено и да имаме корист од тоа, следејќи ги следните „правила“…
1. Не пијте кафе пред 10 часот изутрина
Ова можеби, за некого е шокирачко, но е научно засновано… Истражувањата покажуваат дека по будењето, во првите два часа, човекот е најраздразлив, односно сетилата тогаш се најчувствителни, поради покаченото ниво на кортизол во телото.
По еден или два часа „ни доаѓа првата дремка“ и тоа е вистинскиот момент да го „разбудиме“ нашето тело со малку кофеин.
2. Консумирајте често, но по малку
Науката вели дека кофеинот е поефективен, кога се зема во мали дози.
3. Не пијте кафе, додека појадувате или вечерате
Кафето се пие околу еден час по појадокот, и никако за време на вечерата, ако сакаме да имаме мирен, цврст и здрав сон.
4. Кафе пред попладневна починка
Според некои истражувања, ако пиеме кафе 30 до 60 минути пред попладневна починка, ќе се разбудиме неколкупати попродуктивни и покреативни!
5. Пијте го своето кафе со чаша вода
Кафето има диуретски ефект, па треба да се консумира со чаша вода, за да избегнеме дехидратација.
6. Со кафето не треба да се претерува, водете сметка и бројте ги филџаните
Општоприфатено е дека еден возрасен човек не треба да консумира повеќе од 40 милиграми кофеин на ден. Во спротивно, ќе стане пораздразлив и најверојатно ќе има несоница и проблеми со системот за варење.
7. Пијте кафе пред тренинг
Кафето ја зголемува нашата концентрација, мотивација, како и издржливоста, оти го поттикнува искористувањето на мастите како гориво во телото.
8. За крај, најважното – начинот на пиење кафе
Наместо да истураме шеќер и крем, подобро е да го збогатиме својот напиток со бадемово, соино или кокосово млеко. Шеќерот пак, можеме да го замениме со мед – поздраво е, а и понискокалорично.