Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Откриена е темата за Мет Гала 2024 година

Магазин

Откриена е темата за Мет Гала 2024 година

За помалку од половина година бројни ѕвезди ќе блеснат на модниот настан Мет Гала во Њујорк. Сега конечно е познато која ќе биде темата на оваа гламурозна вечер.

Мет гала секоја година, со Ана Винтур како претседател на организацијата, претставува интересна тема која носи раскошно претставување на модната историја, а оваа година гостите ќе треба да ја следат темата: „Sleeping Beauties: Reawakening Fashion“ („Заспани убавици: повторно будење на модата“).

„Иновативната тема ќе ги помести границите на нашата имагинација и ќе нѐ поттикне да ги доживееме многуте аспекти на модата, да дознаеме повеќе за нејзината историја и, на крајот, да стекнеме подлабоко разбирање за нејзината убавина“, рече Макс Холејн, извршен директор на музејот „Метрополитен“.

Фокусот на изложбата ќе биде ставен на историски креации, од кои некои се стари 400 години, а според „Vogue“, изложбата ќе биде исполнета со архивите на иконите дизајнери Ив Сен Лоран, Елза Скиапарели, Кристијан Диор, Хуберт де Живанши и други. Ќе има и современи дела на Филип Лим, Стела Макартни и Конер Ајвс.

Мет Гала 2024 ќе се одржи на 6 мај, односно првиот понеделник во мај, како и секоја година.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.