Занимливости
Ова е најљубезната земја во светот
Феноменот да се биде љубезен и несебичен кон другите без да се очекува нешто за возврат, навистина постои и во светот е познат како јапонска гостољубивост, односно омотенаши.
Омотенаши (omotenashi) е присутен во животот на Јапонците од мали нозе. Тоа е плод и желба за одржување рамнотежа и избегнување конфликт, а развиен е од јапонските традиционални пиења на чај, како и од бушида, кодот на однесување на самураите.
Така, барем сметаат јапонските етнолози. Имено јапонските чајанки навистина се посебна церемонија, а домаќините за нив мошне внимателно се подготвуваат. Од создавање на одредена атмосфера, користење одредени садови, избор на цвеќе и декорација, поточно се обрзнува внимание на секој детал. Гостите, пак, изразуваат голема благодарност за труд на домаќините.
Самураите ги краселе одреден кодекс на однесување, дисциплина, морал и чест. Тие принципи се втемелени во зен будизмот, што значи дека лицето мора да ги совлада своите чувства со внатрешен мир и да има почитување кон другите, дури и кон непријателите.
Од мали нозе Јапонците учат дека ако некој направи нешто добро за нив, тие исто така би требало да направат нешто убаво за таа личност. Но ако некој им направи нешто лошо, тие не треба да возвратат со лошо однесување. Доброто доаѓа пред сите лични потреби.
Како и да е денес Јапонците се познати во светот по големата љубезност, која се гледа на секој чекор. Кога се доближувате до такси, возачот ви ја отвара вратата. Кога влегувате во ресторан или продавница персоналот ви се поклонува, а кога си одите, се поклонуваат се додека не излезете од нивниот видокругот.
Кога ви враќаат кусур, едната рака ја ставаат под вашата, за да не ви паднат ситните пари. Ако се болни на лицата носат хируршки маски за да не ги заразат другите. Ако почнуваат да градат куќа, Јапонците на своите соседи им носат подарок: средства за чистење за полесно да ја исчистат куќата од неизбежната прашина.
Во Јапонија гостопримливи се дури и машините. Вратите на такси возилата автомаски се отвораат кога им се приближувате, а лифтовите ви се извинуваат, затоа што сте чекале долго време.