Занимливости
Ова е „највеселата“ кобра во светот
Веројатно никој не се насмевнува при средба со отровна змија, но сепак, оваа кобра предизвикува токму таква реакција.
Кобрата, на задниот дел од телото има белег, кој неодоливо потсетува на насмеан емотикон.
Фотографот Сувик Басу наишол на неверојатната кобра во Индија, но сепак се потрудил да одржи соодветно растојание од неа.
Ако змијата ве касне, нејзиниот отров го напаѓа вашиот нервен систем и може да доведе до запирање на срцето, при што симптомите од каснувањето се манифестираат меѓу 15 минути до два часа по нападот.