Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ова се најмагичните пустини во светот! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Занимливости

Ова се најмагичните пустини во светот! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Следуваат неколку волшебни места на Земјата, каде што луѓето се вистинска реткост.

Уживајте во фотографиите!

Сахара

Сахара со површина од 9,4 милиони квадратни километри е најголема пустина во светот. Таа се протега низ десет земји на северна Африка, а е дом на околу четири милиони жители. Може да се посети туристички, на пример од Мароко и тоа на камили.

0c763c96f7b09670009d22b06545275c1

Намиб

Таа е многу помала од Сахара и се протега на 81 илјади квадратни километри. Ненаселена е, но во неа дом пронашле некои животни, како носорози и зебри. За Намиб карактеристични се високите песочни дини кои растат до 300 метри.

Погледајте го списокот на неколку најволшебни места на Земјата каде што луѓето се вистинска реткост.

namib-desert-dune-walking-in-the-namib-desert-at-sossusvlei-in-namibia1

Атакама

Пустините се дефинирани како места, каде годишно врне 250 милиметри дожд на квадратен метар. Во Атакама годишно паѓа само еден милиметар, поради што важи за најсуво подрачје на планетата. Се протега низ Чиле, Аргентина, Перу и Боливија, а во неа речиси и нема растенија и животни, освен чинчила и кактуси.

chile-atacama-desert-altiplano-lagoon-lt-header1

Антарктик

Станува збор за континент, но и за најголема ледена пустина. Иако се измерени рекордни минус 89,2 степени, истовремено важи за највлажно и најсуво место на земјата. Како? За влажноста не е заслужен дождот, туку фактот дека 98 отсто од Антарктикот се наоѓа под мраз. Со оглед на тоа дека во прашање е најстуденото место во светот, врнежите се ретки и заради тоа овој континент може да се нарече и пустина.

antarctica-dessert-race1

Такламакан

Оваа пустина се наоѓа во централна Азија, а преку нејзиниот јужен и северен дел некогаш поминувал познатиот Пат на свилата. Тука се случило и најголемото пустинско чудо, кога пред седум години снег ја покри целата пустина. Дотогаш никогаш целата пустина не била покриена со снег.

takla-makan-desert1

Дашт-е Кавир

Таа се наоѓа во Иран, зазема 390 квадратни километри. Прекриена е со кристали на сол, кои настануваат на земјата поради недостигф на дожд, а таа глетка навистината е импресивна. Летата тука се пеколни со температури од 50 степени Целзиусови, а посетителите можат да се сместат само во куќата Атешуни, која нуди излети и кампови во пустината.

dasht-e-kavir-desert-sunset-light-casts-over-the-desert-rocks1

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.