Занимливости
Овие глетки се толку убави што претставуваат опасност за возачите
Исланд минатата година го посетиле голем број туристи од САД, повеќе од вкупниот број жители на оваа земја.
Природниот феномен кој моментално може да се види во северна Европа фасцинира многумина, но некои за малку ќе се здобиеја со тешки повреди поради него.
Во југоисточниот дел на Исланд пред десет дена полицијата запре двајца возачи од странски земји, бидејќи чудно возеле на автопатот. Полицијата, која била уверена дека возачите биле под дејство на алкохол многу се изненадила кога сфатила дека алкохолот нема никаква поврзаност со тоа, туку дека за се е „виновна“ поларната светлина.
Светлината толку многу ги фасцинирала возачите, што во еден момент тие престанувале да обрнуваат внимание на патот и почнале да гледаат во небото.
Поради зголемениот број туристи, полицијата на автопатот често се соочува со неодговорно однесување на возачи, кои ги оставаат своите возила сред автопатот за да ја гледаат аурора.
Последните неколку години благодарение на евтините летови, туристите го открија Исланд и секоја година го посетуваат во се поголем број.
Сите го обожуваат Исланд, а вулканите, гејзерите и глетките на китовите станаа само некои од незаобиколивите туристички атракции. Нови убавини за разгледување има буквално на секој чекор.
Токму големото количество убавина доведува до неодговорно однесување на поединци, па ако веќе се подготвувате да патувате за Исланд пред уживањето во природните убавини треба да најдете безбедно место за паркирање.