Занимливости
Овошните киселини ги бришат брчките
Киселините од овошјето, пред се од јаболките и цитрусите, како и од киселото млеко и виното, ги отстрануваат мртвите клетки од кожата, ја задржуваат влагата и ја враќаат свежината.
Иако постојат многу хранливи креми и маски, брчките целосно не можат да се избришат. Но затоа, можат да се ублажат со третман со овошни киселини.
Овој нежен хемиски пилинг за лице ја подобрува структурата и еластичноста на кожата, па така го забавува и создавањето брчки.
Зимата е идеален период за овој третман, бидејќи овошните киселини се фотосензибилни, па кожата може да стане почувствителна на сончева светлина.
Овошните киселини се одлични во борбата против пигментацијата, флеките, акните и лузните од акни, бидејќи ја ослободуваат кожата од бактерии и вишок масти, каде брзо се таложат.
Сепак, кремите кои содржат овошни киселини не смеат да се нанесуваат околу очите и рабовите на усните.