Занимливости
Паметна тава за незагорени јадења
По паметните телефони и часовници пристигна и паметната тава – „pantelligent“, која по пат на топлотни сензори и блутут апарат информира кога храната е печена.
Паметната тава е изум на четворица студенти на Масачусетс технолошкиот институт, со цел да им помогнат на почетниците во кујната како да подготват совршено јадење.
По пат на специјални апликации, готвачот добива совети во реално време.
Со апликлацијата е можно да се откријат нови рецепти и идеи за готвење.
Паметната тава се продава за 199 долари.