Занимливости
Парчиња торта од венчавката на принцот Чарлс и Дијана одат на аукција
На аукцијата закажана за следниот месец во куќата „Џулијенс Окшнс“ во Лас Вегас, ќе бидат понудени пет парчиња торта коишто останале од кралската венчавка на принцот Чарлс и принцезата Дијана.
Извршниот директор на аукциската куќа, Дарен Џулијен нагласува дека тортата стара безмалку 40 години не е за јадење.
– Парчињата ги донесоа луѓе кои биле на венчањата и се досега ги чувале во фрижидерот, рече тој.
Тортата која се јадела во Бакингемската палата на 29 јули 1981 година се нуди заедно со снимка од свеченоста. Се очекува цената да достигне од 800 до 1.200 долари. На наддавањето ќе може да се купи и едно парче торта од свадбата на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, проценето на 7.500 долари.
Меѓу другото, во понудата ќе има и парче од венчавката на Чарлс со Камила Паркер во 2005 година, од свадбата онаа на принцот Ендрју и Сара Фергусон во 1986 година, и од свадбата на принцезата Ана и Марк Филипс во 1973 година.
На венчањето на принцот Хари и Меган Маркл на 19 мај, поканети се над 600 луѓе, а на свечениот прием уште 200 лица.