Занимливости
Парфем инспириран од Палатата Кенсингтон
Кога сер Вилијам Хенри Пенхалигон во 19. век првпат дошол и се сместил во Лондон работел како ексклузивен парфем-мајстор за кралицата Викторија. Оттогаш до денес, неговата служба кај кралското семејство остави длабока трага, низ препознатливите егзотични понуди на брендот „Пенхалигон“.
Пенхалигон живеел во доба на најпрефинета англиска племенитост. Бил духовит, креативен и секогаш инспириран од она необичното. Велат дека и познатиот британски премиер Винстон Черчил подоцна ги обожавал неговите парфеми.
Овој бренд, со неколкувековна традиција, неодамна го претстави новиот „Кенсингтон“ мирис кој ја содржи истата класа, карактер и привлечност како и сите претходни, оти и тој е направен на база на рачно цеден бергамот и цвет од јасмин, но збогатен со цимет и ванила.
Новиот производ моментно е достапен само во Англија, Велс и Јужна Шкотска.