Занимливости
Пат околу светот – прошетајте 35 земји за 141 ден!
Компанијата „Викинг Крусес“ од Лос Анџелес од оваа година во својата понуда го стави крстарењето околу светот во траење од 141 ден, во рамките на кое туристите ќе можат да посетат 66 пристаништа во 35 држави од планетата.
Почетокот на првото такво патување со бродот Викинг Сан е закажано за 15 декември оваа година во Мајами.
Меѓу првите станици е Хавана (Куба), во која туристите ќе можат да престојуваат два дена, а потоа следуваат Лос Анџелес, Нов Зеланд, Тахити, Австралија, Кина, Индија, Индонезија, Малезија, Шарм ел Шеик во Египет, Тунис, Алжир.
Патувањето би требало да заврши во Гринвич во Лондон во 2018 година.
Ова крстарење чини најмалку 38 илјади долари по патник.