ЛЕТНИ ДЕСТИНАЦИИ: Помалку познати, скриени плажи во Грција (ФОТО)
Во Грција можат да се најдат некои од најубавите плажи во светот.
Додека повеќето грчки плажи се преполни со туристи, сè уште постојат неколку што се скриени од очите на јавноста.
Па доколку сакате малку приватност, а сте подготвени за авантура, не заборавајте да ги посетите најскриените грчки плажи:
Вутуми, Антипаксос
Малиот остров Антипаксос се наоѓа во Јонското Море, на само 3 километри од островот Паксос.
Штом ќе стигнете овде, ќе ве дочека пејсаж кој повеќе ќе ве потсетува на Бразил отколку на Грција – дрвата достигнуваат до брегот, а дури и карпите се „украсени“ со зеленило. Бидејќи понекогаш оваа плажа знае да биде полна, најдобро е да ја посетите рано наутро.
Калогрија, Патрас
Калогрија се наоѓа на 45 километри источно од Патрас, третиот најголем град во Грција. Овде ќе ве пречека песок како во Сахара и неверојатно бистра вода.
Папа Неро, Пилион
На подножјето на планината Пилион се наоѓа плажата Папа Неро. Во близина е повеќе познатата Агиос Јоанис, но малку посетители се осмелуваат да изодат до Папа Неро. Па, оваа плажа е релативно изолирана, дури и во екот на сезоната.
Кариди, Халкидики
Зимските ветришта ги израмниле камењата на брегот и трајно ги искривиле дрвата. Па, целата плажа изгледа како сцена од постапокалипса, особено во лето кога тиркизно сината вода е мирна.
Мавра Волиа, Хиос
Најпознатата знаменитост на островот Хиос е плажата Мавра Волија. Името на плажата значи црни камчиња и потекнува од вулканските камења што ја прекриваат плажата.
Симос, Елафонисос
Воопшто не лесно да стигнете до островот Елафонисос , но вреди да ја видите плажата Симос. Ситниот песок и сината вода потсетуваат на Карибите, а недостатокот од туристи нуди вистинска релаксација.
Покрај тоа, кампувањето на оваа плажа е нешто што морате да го пробате.
Колона, Китнос
Понекогаш изгледа како времето да застанало на овој остров. Помеѓу прекрасните плажи, најмногу се издвојува Колона која ги поврзува Китнос и островот Свети Лука.
Ламби, Патмос
На влезот на ова плажа ќе ве пречека предупредување: „Строго забрането собирање камчиња. Оние што ќе го прекршат правилото ќе бидат казнети.“
Штом ќе ја видите плажата, ќе сфатите и зошто стои забраната – камчињата на Ламби се како од друг свет. Некои посетители го опишале тамошното капење како пливање во апстрактна слика.
Каминакиа, Астипалеа
Плажата Каминакиа е најубавата на островот Астипалеа и до неа се стигнува преку стрмна и карпеста патека од 5 километри. Понекогаш дури и автомобилите имаат проблем на овој пат.
Но, доколку успеете да стигнете до овде, ќе бидете наградени со можеби најчистата вода во Егејското Море.