Патувања
Одлични предлози за прошетка низ Македонија
Секогаш со љубов и многу епитети ја опишуваме нашата мала и убава земја, но голем број од нас не почуствувале и виделе ни половина од убавините со кои таа располага. Прашањето е колку вистински ја имаме доживеано нашата земја?
Кога последен пат сте се биле на Пелистер или на Кожув, воопшто? Сте јаделе ѓомлезе во Вевчани, сте јавале коњи или возеле АТV мотори во Маврово или сте се опуштиле на чист воздух на Пониква или Берово? Оваа есен сите патувачи имаат шанса да ја прошетаат и истражат Македонија и тоа по супер цени.
Станува збор за кампањата Дестинација Македонија, која се реалзира 5та година по ред и нуди огромен избор на локални патувања по неверојатно ниски цени. Кампањата во наредните два месец на корисниците ќе им ги покаже сите „скриени“ места и активности во нашата земја кои чекаат да бидат истражени и дополнително ќе им докаже дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходна авионска карта.
Ова е една од најпопуларните и најголеми проекти во реализација на Grouper.mk, лидерот во е – трговија, од каде припремија над 100 зделки по примамливи цени за патувања низ цела Македонија овозможувајќи да се посети, вкуси и искуси најдоброто од земјава.
Кампањата која ќе трае од 25 септември па сè до 15 ноември 2019 е дефинитивно посебна по многу нешта, а пред се по големиот изборот на локации и сместувачки капацитети по супер цени и за сечиј вкус; понатаму поради можноста патувачите да изберат луксузно уживање на попуст во некој од Best of хотелите од Дестинација Македонија и да се релаксираат во природа и спа центрите на прекрасните Хотел Радика 5*, Хотел Тино св.Стефан, Sky Hotel & SPA 5*, Бањишт Хотел & SPA и многу други. Дополнително, ова е одлична шанса да се научи многу повеќе за нашата земја, а секој кој сака да го провери своето знаење може да го реши овој интересен Grouper квиз.
Доволно е само да го погледнете видеото за најава на кампањата и да ве поттикне да се впуштите во истражување на нашата Македонија и потсети зошто ја сакаме.
Дополнително, за време на кампањата, Grouper во партнерство со Mastercard подготвија неколку изненадувања со подароци и дополнителна заштеда за сите оние патувачи кои ќе купат некоја од зделките од Дестинација Македонија со својата Mastercard картичка.
Исто така, оваа година, преку онлајн гласање ќе бидат избрани и најдобрите хотели за 2019 година изгласани од Grouper заедницата која брои над 200.000 корисници.
Повеќе информации за кампањата и она што следува може да прочитате на нивниот блог.