Рим ги отвори подземните тунели од Колосеумот за јавноста
Рим ги отвори вратите на подземните тунели и простории на Колосеумот, а посетителите на оваа светска атракција конечно ќе можат да влезат во местата каде гладијаторите и животните се подготвувале за борбите.
Од менаџментот на Колосеумот велат дека со овозможувањето на ваквата атракција, посетителите ќе можат да разберат како Колосеумот некогаш работел.
Делови од подземјето на римскиот Колосеум веќе беа отворени за јавноста, но по обновата, посетителите ќе можат да шетаат низ ходниците, во кои животните и гладијаторите чекале пред да влезат во арената.