Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Туристички подем на Грција – лани ја посетиле 32 милиони туристи

Патувања

Туристички подем на Грција – лани ја посетиле 32 милиони туристи

Според податоците од Народната банка на Грција, бројот на туристи во Грција се зголемил за 17,3 отсто во периодот јануари-ноември 2023 година, во споредба со истото временски период во 2022 година. За овој период, Грција ја посетиле речиси 31,97 милиони туристи. Во истата временска рамка година претходно, бројот на посетители бил 27,25 милиони.

Туристичката експанзија резултирала и во значителен пораст на приходите за земјата, со раст од 15,4 отсто, што достигна приходи во износ од 20,1 милијарди евра. Пристигнувањата на туристи преку аеродромите забележува исто така зголемување од 12,5 отсто, додека пристигнувањата преку копнените гранични премини се зголемени за 34,5 проценти.

Од вкупниот број на туристи, околу 20 милиони дошле од земјите членки на Европската Унија, додека преостанатите над 12 милиони доаѓаат од земјите надвор од ЕУ. Овој позитивен тренд во туристичката индустрија претставува значаен индикатор за развојот на туризмот во Грција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Патувања

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.