Пејачката Шинејд О’Конор трагично го загуби 17-годишниот син
Трагичната вест ја потврди ирската пејачка на социјалните мрежи со емотивна порака. Според странските медиуми, тинејџерот исчезнал во четвртокот, а во петокот бил пронајден мртов.
Почина 17-годишниот син на ирската пејачка Шинејд О’Конор (54). Кантавторката на својот Твитер ја потврди трагичната вест.
– Мојот прекрасен син, светлината на мојот живот, сега е кај Бога. Нека почива во мир. Мед. Те сакам многу – напиша пејачката на социјалната мрежа.
Sinead you have always been there for me and for so many people, you have been a comfort & a soul who is not afraid to feel the pain of the suffering. You have always tried to heal & help. I pray that you can be comforted & find strength, healing & peace in your own sorrow & loss pic.twitter.com/cLn8JwTbuX
— Shane MacGowan (@ShaneMacGowan) January 8, 2022
Нејзиниот син Шејн наводно исчезнал во четвртокот, а полицијата веднаш тргнала во потрага. Последен пат е виден во населбата Талахт во јужен Даблин, а во саботата полицијата објави дека потрагата е прекината, пишува Дејли Мејл.
-По откривањето на телото во Бреј, Виклоу, во петокот (7-ми јануари), истрагата за исчезнатиот 17-годишен Шејн О’Конор е прекината – изјавил портпаролот на полицијата.
Познатата пејачка минатата седмица упатила и емотивна порака до својот исчезнат син кој пред тоа бил во болница поради обид за самоубиство, а сè со надеж дека ќе го надмине тоа и дека ќе се врати дома.
-Ова е порака за мојот син Шејн. Шејн, повеќе не е смешно ова во врска со исчезнувањето. Ме плашиш – пишувало во посветениот твит, но за жал потоа следеле најлошите можни вести.