Магазин
Пелагонија создадена за авантура (ВИДЕО)
Кога се работи за Пелагонија, помислата на луѓето и стварноста често се разидуваат. Суштината на Пелагонија се многу бои, мириси, вкусови и најважно од се, многу приказни.
Приказни кои содржат традиција, чиста природа, култура, забава. Една од нив се вика Hike & Ride а за Вас ја спакува и раскажа Туринг Македонија (www.touringmacedonia.mk).
Hike & Ride е дводневна авантура која љубопитните авантуристи ќе ги поведе на јавање маловишки коњи, посета на чудотворниот манастирски комплекс Св. Ана и планинарење со професионален водич низ Националниот Парк Пелистер. Селото Маловишта, вгнездено на 1.100 н.в. е ехо на минатите времиња.
Уникатно по својата градска архитектура, големата катедрална црква, сокаците поплочени со природен камен, ова село својата изолираност ја претвора во предност и на посетителите им нуди никогаш видено доживување.