Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Петти роденден на Magnetik Gallery

Магазин

Петти роденден на Magnetik Gallery

“5 Years of Style” – беше насловот на големата забава која се одржа во Magnetik Gallery во Skopje City Mall, по повод 5-тиот роденден.

Во присуство на љубителите на модата, лојални клиенти, блиски соработници, личности од јавниот живот, како и претставници од медиумите се одбележаа 5 години од уникатна мода, тренд и одлична работа во Magnetik Gallery.

Гостите уживаа во забавата со одлична музика, молекуларен пијалок, храна и многу изненадувања.

“Овој мини јубилеј за нас е многу значаен, 5 години од отворањето на првата мултибренд продавница на Magnetik Gallery, корнер со колекции од 8 италијански луксузни брендови. Многу ни е мило што нашите драги клиенти дојдоа во толку голем број, и заедно го прославивме овој ден”. – истакна маркетинг тимот на Magnetik Gallery.

Модната компанија Magnetik постои 32 години и е увозник и застапник на 17 брендови и има 28 продажни салони. Брендовите Weekend Max Mara, Marella, Pinko, Patrizia Pepe, Liu Jo, Twinset, Penny Black, Gerry Weber, Self Portrait, Josef Ribkoff, Liviana Conti, Motivi, Oltre, Fiorella Rubino, Paul&Shark, Carpisa, Yamamay, се дел од групацијата на Magnetik. За целиот овој период успеа да допре до вкусовите на многу луѓе, заедно градејќи ги трендовите и стилот во нашата земја преку носење на квалитетни и ексклузивни модни брендови.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.