Занимливости
Пијан Русин „влезе“ во продавница со оклопен транспортер
Пијан маж на северот на Русија удрил со оклопен транспортер во продавница и украл шише вино.
Инцидентот се сллучил во градот Апатити, кога маж на возраст од 20-тина години украл оклопен транспортер од локалната воена школа со цел „да се провози низ градот“.
Авантурата не траела долго, бидејќи „тенкистот“ удрил во излогот на една продавница, уништујавќи притоа и паркиран автомобил.
По судирот пијаниот маж излегол од транспортерот и од продавницата украл шише алкохол.
Полицијата го привела додека одел по улица со пијалокот.