Магазин
Пилот на „Ер Азија“ пренел патници на погрешна дестинација
Авион на компанијата „Ер Азија“ заврши во Мелбурн место во Малезија, а грешката се случила на летот од Сиднеј кон Куала Лумпур.
Контролата на воздушниот сообраќај, според извештајот, во тој момент го следела авионот што заминувал од паралеланата писта и на тој начин не забележала дека дошло до грешка.
Екипажот во авионот за грешката го обвинува нивниот навигациски систем.
Истрагата покажа дека секој обид за рестартирање на навигацискиот систем само ја продлабочувал грешката и го преплавил системот на конторла во авионот.
Во вакви ситуации авионот нормално би се свртел и би се вратил, но со оглед на лошото време во Сиднеј тој морал да слета во Мелбурн, град што се наоѓа на сосема спротивната страна и на континент од саканата дестинација.