Занимливости
Пивара Скопје донираше летниковец во Општина Ѓорче Петров
„Пивара Скопје” денес донираше нов летниковец, овој пат за жителите на населбата Ѓорче Петров.
Ова ново место за дружење и рекреација наиде на многу позитивни реакции од “ѓорчевци” кои се познати по негувањето на маалскиот живот и дружбите меѓу соседите, а посебно пријатно изненадување беше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров – Александар Наумоски, кој е познат по својата непосредност и блискост со граѓаните од неговата општина, и го затекнавме токму тука:
“Пред се’, би сакал да им се заблагодарам на нашите пријатели од “Пивара Скопје” за донацијата на овој летниковец. На ваков начин, ја враќаме сплотеноста и истовремено им овозможуваме на граѓаните на едно урбано место да се дружат, релаксираат, да играат шах, табла, да разговараат за секојдневнието… Маалскиот живот во Ѓорче Петров е одлика на нашата општина, и токму затоа, особено ми е задоволство што на ова место, односно во населбата Даме Груев каде е поставен летниковецот, граѓаните ќе имаат можност да ја продолжат таа традиција”.
Инаку, „Пивара Скопје” донира 15 летниковци за повеќе општини во државата, очекувајте наскоро и вашата општина да биде разубавена со ново место за искрени дружби и насмевки.