Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

По 19 сезони завршува шоуто на Елен Деџенерис, денес се емитува последната епизода

Магазин

По 19 сезони завршува шоуто на Елен Деџенерис, денес се емитува последната епизода

„The Ellen DeGeneres Show“ кое ги забавуваше Американците, рушеше стереотипи и ги угости најголемите ѕвезди, денеска завршува во сенка на обвинувањата по речиси 2 децении, 19 сезони и повеќе од 3.000 епизоди.

Најголемите холивудски ѕвезди често гостуваа во ток-шоуто на комичарката Елен Деџенерис, кое се стекна со популарност и во поконзервативните делови на Америка. Нејзина прва гостинка беше актерката Џенифер Анистон, која исто така ќе се појави и во завршницата.

По нејзиниот успех како комичар во 80-те години, Деџенерис се прослави со серијата „Ellen“ (1994-1998) во која во 1997 година стана првиот главен лик на ТВ серија кој ја признал својата хомосексуална ориентација, а популарното ток-шоу започна да го води во 2003 година.

-Таа го трасираше патот. Веројатно беше, а можеби и сè уште е, најпознатата ЛГБТ личност во Америка –  изјави за „AFP“ Мери Марфи, вонреден професор по новинарство на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

-Кога ја започнавме емисијата во 2003 година, социјалните мрежи не постоеја. Истополовите бракови не беа легални – изјави Деџенерис минатиот месец по снимањето на последната епизода на емисијата која ќе се емитува денес.

Водителката и комичарка објасни дека ток-шоуто престанува да се снима бидејќи повеќе не ѝ претставува предизвик, но многумина сметаат дека вистинската причина се обвинувањата за „токсична работна атмосфера“ на сетот, вклучувајќи сексуално вознемирување, малтретирање и расизам.

Во јули, главните продуценти на шоуто изјавија дека опкружувањето во кое се снима шоуто е „лошо“. Елен Деџенерис не беше директно обвинета, но ѝ беше замерено што дозволила да се создаде таква средина во нејзиниот тим.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.