По две години Северина повторно доби старателство над својот син, веста ја сподели со фановите среде концерт
Северина ја соопшти оваа вест на концерт во Црна Гора додека ја изведуваше песната „Rođeno moje“, која пејачката инаку ја пее со тага, што овој пат не беше случај.
– Не можам да ви кажам за што станува збор, но детето се врати дома. Први дознавате, се уште не е објавено. Благодарам на сите за поддршката. Пееме со радост – рече Северина , а снимката од концертот стана вирална на социјалните мрежи.
Адвокатот на пејачката, Мате Матиќ, потврдил за N1 дека судот во Сплит донел одлука за враќање на синот.
-Судот во Сплит одлучи да се врати детето на Северина. Одлучено е да имаат заедничко старателство над детето односно детето половина од времето ќе поминува со мајката, а другата половина со таткото. Ќе видиме дали родителите ќе успеат да се договорат или судот ќе треба да ги прецизира деталите – изјавил адвокатот и додал дека на оваа одлука ќе нема жалби.
Таа во последните две години можеше да го гледа Александар во вторник и четврток од 15 до 20 часот и секој втор викенд. За време на викендите таа можеше да го преземе детето во сабота во 10 часот и да го врати на Милан во недела до 20 часот.