Магазин
ПО НАПОРЕН ДЕН: Зошто чаша црвено вино е добра за вашето здравје?
По напорниот ден на работа многу луѓе се одлучуваат да се опуштат со чаша вино или некој друг алкохолен пијалок. Научниците откриле зошто посегнувањето по алкохол е одговор на стресот.
Зголеменото ниво на стрес го предупредува мозокот дека се наоѓа во состојба во која треба да се бори за опстанок. Сигналите кои мозокот ги праќа кога ќе доживее стрес се дизајнирани да го зачуваат и смират нашето тело и се слични на тие кои се ослободуваат по конзумирање на алкохол, кофеин или дрога.
Мозокот е измамен и мисли дека алкохолот му помага и тоа го охрабрува тој кој пие да пие уште повеќе. Поради тоа се случува луѓето да испијат повеќе од што сакаат.
Истражувањето го спровело тим од Универзитетот Пенсилванија кои откриле дека глувците кои биле изложени на стрес доброволно пиеле повеќе алкохол во однос на тие кои не доживеале исто ниво на стрес. „Глувците кои биле изложени на стрес пиеле повеќе од што можат да контролираат. Така било неколку недели. Одговорот на стресот има за цел да не заштити, но дрогата и алкохолот го користат тој механизам и го лажат нашиот мозок со што не тераат да пиеме уште” – рече професорот Џон Дани.
Глувците биле изложени на акутен стрес еден час и 15 часа потоа, а истражувачите ја мереле количината на шеќерната вода со етанол која доброволно ја конзумирале. Тимот сега разговара со други научници за наоѓање начин за нормализирање на невроните во делот на мозокот за награди со цел да може да се контролира конзумирањето на алкохол.
Истражувањето е објавено во списанието Neuron.