Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

По самоубиствата на Бордејн и Спејд, презафатени линиите за превенција во САД

Занимливости

По самоубиствата на Бордејн и Спејд, презафатени линиите за превенција во САД

По самоубиствата на познатата креаторка Кејт Спејд и ТВ готвачот Ентони Бордејн, повиците на линиите за превенција на самоубиства во САД значително зачестија.

– Порастот на бројот на јавувања е очигледен. Ги контактираме нашите доброволци за да обезбедиме повеќе луѓе да одговараат на повиците, изјави Лорен Фостер, директор на локалната непрофитна организација „Хоуп лајн“ (линија на надежта), со седиште во Северна Каролина.

Американската Национална линија за превенција од самоубиства пак, соопшти дека бројот на примени повици деновиве е зголемен за 25 отсто.

Фостер вели дека таа појава на тн. „самоубиствена зараза“, е вообичаена кога некој познат лик од шоу бизнисот ќе посегне по својот живот.

– Луѓето кои имаат самоубиствени нагони гледаат како популарни, богати и навидум среќни луѓе извршуваат самоубиство, тоа ги прави да се чувствуваат побезнадежно. Си велат – „ако тие посегнале по својот живот, што мене би ме спречило?“, истакнува Фостер.

Од друга страна, самоубиствата на Спејд и Бордејн поттикнаа голем број познати личности, како и граѓани на социјалните мрежи, да ги споделат своите лични искуства со депресијата и обидите за самоубиство. Зачестија повиците до граѓаните кои се чувствуваат депресивно или безнадежно да побараат помош.

Статистиката вели дека по самубиството на комичарот Робин Вилијамс во 2014 година, бројот самоубиства кај Американците се зголеми за 10 отсто во наредните пет месеци. Смртта на Мерилин Монро предизвика пораст од 12 отсто низ целата земја во месецот потоа.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.