Магазин
Почина модниот дизајнер Саша Видиќ
Како што пренесуваат српските медиуми, во болницата „Бежанијска коса“ во Белград денеска на 52-годишна возраст почина познатиот српски стилист и моден дизајнер Саша Видиќ.
Причината за смртта се уште не е позната.
Како што неофицијално дознава српскиот портал Курир, Видиќ доцна синоќа бил пронајден онесвестен во неговиот стан од двајца членови на семејството и бил донесен во болница во тешка состојба и веднаш приклучен на респиратор. Според изворите, станува збор за септичка состојба и поради тоа е констатирана смрт поради кардиореспираторна инсуфициенција, а дефинитивната причина се уште не е позната.
Роден е во 1971 година во селото Млака во Хватска, извесно време живеел во Бања Лука, а потоа се преселил кај неговиот вујко во Белград, кога избегал од војната во Босна како бегалец. Кариерата ја изгради во главниот град на Србија.
Саша Видиќ во својата долгогодишна кариера соработувал со бројни познати личности од јавната сцена – пејачи, актери, водители, спортисти, политичари. Тој беше основач на модниот бренд „Броз“. Соработуваше со Цеца Ражнатовиќ, Сека Алексиќ, Дара Бубамара и бројни познати музички ѕвезди.
Инаку, тој лично дизајнираше и креираше дресови за српските спортисти за Олимпијадата во Лондон, а изработил и дресови за српската фудбалска репрезентација за Светското првенство што се одржа во Русија.