Магазин
Почина творецот на сендвичот „биг мек“
Творецот на познатиот сендвич „биг мек“ Џим Делигати, почина денеска во 98. година од животот, јавија американските медиуми.
Популарниот сендвич првпат се појави на менито на синџирот ресторани во Питсбург, со кој раководел Делигати.
Откако постигна успех на локално ниво, директорите на мекдоналдс ја презедоа идејата и го претставија „биг мек“ на целата територија на САД во 1968 година.