Занимливости
Почна фестивалот на скулптури од мраз во Кина
Во еден од најстудените кинески градови Харбин денеска официјално започна Фестивалот на скултури од мраз.
Во рамки на фестивалот се исложени склутури на некои од најпознатите светски знаменитости, кои се изработени од мраз.
За посетителите на фестивалот, што ќе трае до крајот на февруари, ќе бидат организирани и голем број други активности и забави, како пливање и едрење по мраз и масовно венчавање на замрзната подлога.
Фестивалот во Харбин, каде во овој период од годината темепратурата се спушта и до минус 35 степени, секоја година го посетуваат голем број туристи од цела Кина и од странство.