Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Под македонско знаме и со песната „Зошто си ме мајко родила“, е погребан Аки Рахимовски

Магазин

Под македонско знаме и со песната „Зошто си ме мајко родила“, е погребан Аки Рахимовски

Под македонско знаме и со песната „Зошто си ме мајко родила“, е погребан Аки Рахимовски

Легендарниот фронтмен на „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски, попладнево беше погребан во Алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. 

Ковчегот на Аки Рахимовски беше покриен со македонското знаме, а на него имаше црвени рози. Пред него стоеше венец на кој беше испишана порака од неговата двегодишна ќерка Антонија.

Додека ковчегот се спушташе во гробот, камерите се исклучија и беше пуштена песната на Род Стјуарт „Sailing“, која Аки уживаше да ја слуша и за која често зборуваше. Беа отсвирени уште неколку специјални песни, од кои првата беше „Za malo nježnosti“, која ја сними во 2016 година со „Парни Ваљак“, македонската песна „Зошто си ме мајко родила“ и „My Way“ на Синатра.

Пред 15 часот пристигнаа многу пријатели во Алејата на великаните, а меѓу првите, освен семејството, пристигнаа и членовите на бендот со Хусеин Хасанефендиќ Хус.

Во говор полн со солзи и тага, ќерката Едина се прости од својот татко.

-Еднаш рече дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек – рече Едина со скршено срце.

-Ти благодарам тато што ме научи дека човекот е мал само под ѕвездите. Ајде бегај, така ми кажа, бегај ќерко. Бегај тато, бидејќи им е досадно без тебе. И само така ти знај, само ти, тато, и никој како тебе. Те сакам тато –  го завршила својот говор.

Точно во 15 часот на последното збогување се приклучија и радио станиците,  150 низ регионот, кои премиерно ја емитуваа песната наречена „Ponovo“ – последната песна што ја испеа Аки.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.