Видео
Погледнете го прекрасниот Загреб во одлична 4К резолуција (ВИДЕО)
Cities in 4K, еден од најинтересните канали на ЈуТјуб кои се занимаваат со снимање на видеа во исклучителна 4К резолуција, го посетија главниот град на Хрватска, Загреб.
Во прекрасното видео кое го сними и едитираше Амир Кулагиќ, се гледаат единствени делови на најголемиот град во Хрватска, вклучувајќи го Плоштадот Бан Јелачиќ и Марковиот плоштад. Исто така, тука се и препознатливите загрепските сини трамваи, градските фонтани, реката Сава и други симболи на родниот град на Динамо.
Според пописот од 2011 година Загреб има 790.000 жители. Своите корени Загреб може да ги најде уште од времето на Римското царство, а моменталното име на градот се користи од 12 век.
Рекордниот број на туристи во Загреб е забележан во 2015 година, кога првпат го посетиле над милион гости.