Погребана Марина Туцаковиќ: Семејството и пријателите од естрадата се опростија од неа
Текстописецот Марина Туцаковиќ, која почина на 19 септември по долго и тешко боледување, денеска беше погребана на Новите гробишта во Белград.
Нејзината последна желба била да биде погребана покрај нејзиниот син Милош, а не во Алејата на заслужните граѓани.
Од Туцаковиќ денеска се опростија и најголемите ѕвезди од балканската јавна сцена како Цеца Ражнатовиќ, Јелена Карлеуша, Жељко Јоксимовиќ, Оливер Мандиќ, Саша Матиќ и многу други.
Синот на Марина, Лача, претходно побара од фановите да не доаѓаат на погребот, туку да ги слушаат песните на неговата мајка во нејзино сеќавање. Тој рече и дека на погребот ќе може да дојдат само оние што ќе покажат сертификат дека се вакцинирани против корона.