Магазин
ПОСЕТЕТЕ ГИ ШТО ПОБРЗО: Овие шест места наскоро ќе исчезнат
Од водите на Индискиот Океан до Северна Америка се расфрлани бисери на природата кои наскоро би можеле да исчезнат.
Климатските промени ја уништуваат природата на која сме навикнати. Токму заради тоа, сега е последен момент за посета на некои од најубавите и најзагрозените места. „Форбс“ состави листа на шест места кои туристите би требало да ги посетат што поскоро.
Големиот корален гребен
Растот на температурите на морето ги убива коралите, а Големиот корален гребен на источниот брег на Австралија се намалува. Ураганите, загадувањео и растот на нивото на морето се повеќе ја уништува оваа животна форма. Австралија пради тоа одлучи да вложи повеќе од милијарда долари во проект за одржување на коралите.
Малдиви
Поради премногу убавите плажи, овој мал архипелаг во Индискиот Океан е многу популарна туристичка дестинација. Малдиви исто така е најниска држава во светот и се претпоставува дека веќе за 30 години, островот може да стане подводен гребен. Поради тоа властите веќе почнаа проекти за купување на земјиште, каде би можело да се сместат 400.000 жители.
Мртво Море
Најсоленото езеро во светот полека исчезнува. Нивото на Мртвото Море опаѓа околу едне метар секоја година. Локалните власти се свртени кон радикалните мерки за да го спасат езерото кое е во изумирање и планираат изградба на канал меѓу Црното и Мртвото море.
Националниот парк Глејшер
Сместен во ретко населено подрачје на сојузната држава Монтана, Глејшер е познат по десетина глечери кои им се достапни на посетителите.
Њу Орлеанс
Првиот град на овој лист познат е по шареноликата мешавината на култури и влијанија. Тука можете да слушате џез, да уживате во креолската кујна или фестивалот Марди Грас.
Глечерот Атабаска
На северниот дел на Канада се наоѓаат неколку квадратни километри на глечерот Атабаска. Станува збор за најпосетуваниот глечер во Северна Америка, кој се намалува секоја година. Тој е сместен само неколку километри од самиот глечер.