Занимливости
Повеќе генетски сличности споделуваме со пријателите отколку со странците
Вообичаено пријателите споделуваат ист или сличен вкус за многу работи, имаат заеднички интереси и слични ставови.
Експертите велат дека тоа има врска со генетиката.
Тим научници од Универзитетот Стенфорд спровеле истражување на примерок од 5.500 американски адолесценти, користејќи податоци од Националната лонгитудална студија за здравјето на луѓето на возраст од адолесценти до возрасни луѓе.
Резултатите од таа анализа покажаа дека пријателите кои сами си ги избираме генетички ни се послични отколку оние што за нас се странци.
По спроведените низа генетски споредби кај двојки пријатели, научниците откриле голем број генетски сличности, многу повеќе отколку кај двојките кои меѓусебно не се познавале.
Научниците утврдиле дека пријателите, во просек, споделуваат две третини генетски сличности, што е генетски приближно до венчаните двојки.
Причина за тоа може да биде привлечноста кон оние со кои делиме заеднички карактеристики, како што се изглед (слична висина и тежина), степен на образование, потекло или животни искуства. Тој процес научниците го означија како социјална хомофилија..
Друго објаснување може да биде тоа што луѓето склопуваат пријателства во рамки на истите општествени средини, како на пример исти училишта или иста работа. Тој феномен е познат како општествено структуирање. Овие два феномени не мора меѓусебно да се исклучуваат, туку можат да бидат и комплементарни.