Занимливости
Пожарникари урнале ѕид од куќа да извадат жена тешка 490 килограми
Аргентински пожарникари биле принудени да урнат ѕид од куќа на една Аргентинка тешка 490 килограми за да биде пренесена во болница на лекување.
Изабела (32) која живее во Росарија, 340 километри северно од Буенос Аирес од нејзиниот дом била пренесена на кревет прицврстена за камион на службата за цивилна одбрана.
Пред осум години, Изабела имала 130 килограми, но по смртта на татко и паднала во депресија.
– Јас сакам да се лекувам и да живеам, извикала таа пред да ја пренесат во болницата во Росарија.