Познатиот дизајнер една година криел дека доживеал тешка несреќа (ФОТО)
Францускиот моден дизајнер и креативен директор на популарниот бренд „Balmain“, Оливие Рустинг, на својот профил на Инстаграм објави шокантна фотографија каде е цел прекриен со завој. Тој на своите следбеници им откри дека претходната година доживеал тешка несреќа во сопствениот дом.
36-годишниот Оливие Рустинг, откри дека претрпел изгореници кога во неговиот дом во Париз експлодирал каминот.
-Пред една година! Конечно се чувствувам подготвен да го споделам ова. Го криев веќе долго време и време е да се дознае. Пред точно една година во мојот дом експлодираше каминот. Следното утро се разбудив во париската болница. Одлични лекари кои работат во таа болница во тој момент се бореа со безброј случаи на коронавирус, а успејаа одлично да се погрижат и за мене. Никогаш нема да можам доволно да им се заблагодарам – напиша Оливие во емотивната објавата.
-Искрено, не сум сигурен зашто толку се срамев – додал талентираниот дизајнер.
Раните на телото тој долго време ги прикривал носејки маски на лицето, широка долга облека, ракошен наќит. Со оглед на тоа дека обожавателите се навикнати на неговите необични модни изданија, ниту во еден момент не се посомневале дека нешто не е во ред.
Во коментарите му пружија поддршка голем број на пријатели и соработници од светот на шоубизнисот, меѓу кои и Ким Кардашијан, Крис Џенер, Карди Би, Донатела Версаче, Синди Крафорд, Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Малума.