Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ПРАВИЛА ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Меган Маркл повеќе нема да може да дава автограми

Ви препорачуваме

ПРАВИЛА ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Меган Маркл повеќе нема да може да дава автограми

После сѐ, изгледа дека животот на вистинските принцези не е толку лесен како што на прв поглед изгледа.

Идната војводка Меган Маркл која неодамна го кажа судбоносното „да“ на принцот Хари ја очекува голема промена на животниот стил.

Магазинот „Брајт сајд“ издвоил низа правила на кои ќе мора да се придржува во својот иден живот.

На пример Кејт, сопругата на принц Вилијам, смее да се фотографира и да се ракува со фановите, но не и да потпишува автограми. Според кралските правила, може да се потпишува само на службените документи. Причината за тоа е стравот на кралското семејство дека никој би можел да ги фалсификува нивните потписи и да ги користи против семејството. Така што и Меган ќе мора да ги разочара своите обожаватели.

Без разлика каква и била поранешната професија, Меган сега ќе мора да се откаже од актерството. Работата на Меган сега ќе се состои од посетување добротворни вечери, училишта и болници. Се верува дека Кејт Мидлтон не ги сака таквите настани, па ги избегнува. Поради тоа медиумите и го дале прекарот „мрзливата Кејт“, имајќи предвид дека таа најчесто од семејството ги пропушта таквите настани.

Исто така, Меган повеќе нема да смее да јаде морска храна. Забраната е поврзана со фактот дека некои школки можат да станат отровни кога погрешно се складираат. Затоа, на кралското семејство му е забрането да го ризикува здравјето.

Според дрескодот, Меган може да користи само проѕирни лакови, без никакви облици и шаренила на ноктите, но и да се облекува елегантно и скромно.

Кралицата го смета за непристојно изразувањето на емоциите во јавност и инсистира до тоа да се придржуваат членовите на семејството. Поради оваа правило, постоеја гласини за несогласувања помеѓу Кејт и Вилијам.

На Кејт и Меган им е дозволено да купуваат во супермаркети и во трговски центри само во придружба на обезбедувањето.

Пред бракот, Кејт обожавала крзно и постојат многу докази за тоа на интернет. Но, откако се омажила, крзно ѝ е дозволено да носи само во исклучителни ситуации, и тоа само ако животното починало од природни причини.

Членовите на кралското семејство не смеат да гласаат или да се кандидираат во парламентот. Тие се обврзуваат дека ќе ја задржат неутралноста и дека нема да го расипуваат својот углед преку политиката.

Според кралскиот протокол, постои забрана за „монопол“, бидејќи играта е „злобна и бесмислена“.

Сите членови на кралското семејство мора да се придржуваат на протоколот и да седат само на позициите предвидени за нив. Исто така, кога кралицата ќе заврши со својот оброк, сите мора да престанат јадат.

Постои строга забрана за користење на социјалните мрежи во кралското семејство. Правилото се такво бидејќи личните информации можат да станат јавни. Постојат официјални страници на кралското семејство на Твитер и на Инстаграм, но строго ги контролираат професионалци, кои внимателно ги избираат фотографиите и го пишуваат текстот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.