Магазин
Правила за здраво сончање кои мора да ги знаете
Било да сте на море, базен или езеро, ова се правилата кои мора да ги знаете за сонцето да не ви наштети.
За почеток, избегнувајте сончање од 11 до 15 часот, тогаш зрачењето е најјако, па ако веќе излегувате на сонце, на себе имајте очила за сонце, а на главата шешир или капа. Пред излегување на сонце треба да се намачкате со заштитна крема, отприлика 15-20 минути порано.
Нанесете доволно крем, не штедете – на просечна возрасна особа и требаат отприлика 6 чајни лажички за целосна заштита, а посебно обрнете внимание на најчувствителните делови-ушите, носот, вратот, подрачјето околу очите, рацете и горниот дел од стапалата. Исто така, некој нека ви помогне да ја нанесете кремата на грбот помеѓу рамената, а немојте да го заборавите делот зад колената.
Првите денови треба да употребувате повисок заштитен фактор, за постепено да потемнувате, а кога веќе ќе добиете боја можете да останувате подолго на сонце со понизок заштитен фактор.
Заштитната крема треба да ја нанесете секои 2-3 часа или после капење, бидејќи освен што сонцето ги оштетува молекулите на заштитната крема, водата ја мие.
За крај, внимавајте на рефлексијата-ако сте на брод сте опкружени со водата која ги рефлектира сончевите зраци и го зголемува ризикот од изгореници, а низ облаците поминуваат речиси 90% од УВ зраците, додека сенката (ако не е од куќа или камен) пропушта половина од зрачењето.