Занимливости
„Пријатели“ најдобра телевизиска серија на сите времиња
Култниот телевизиски серијал „Пријатели“ се најде на првото место на листата на 100 најдобри серии на сите времиња што ја изработи „Холивуд Рипортер“, врз основа на анкетата во која биле вклучени 2.800 професионалци од телевизиите во САД.
Најмногу гласови од анкетираните доби серијата „Пријатели“, која во САД се емитуваше од 1990 до 2000 година.
На вторто место се пласира серијата „Да станеш лош“ („Breaking Bad“), која по пет сезони престана да се емитува во 2013 година, а на третото место е „Досиеја Икс“ со агентите Фокс Молдер и Дејна Скали, кои ги толкуваат Дејвид Духовни и Џулијан Андерсон.
Топ 20 листа на најдобри американски телевизиски серии на сите времиња според „Холивуд Рипортер“:
1. „Пријатели“
2. „Да станеш лош“ („Breaking Bad“)
3. „Досиеја Икс“
4. „Игра на престолите“
5. „Сајнфилд“
6. „Сопранови“
7. „Во сабота навечер во живо“
8. „Ја сакам Луси“
9. „Луѓето од Менхетен“ („Mad Men“)
10. „Симпсонови“
11. „Западно крило“
12. „Секс и Градот“
13. „M*A*S*H“
14. „Модерно семејство“
15. „Изгубени“
16. „Попречени во развојот“
17. „Зона на самракот“
18. „Третиот камен од Сонцето“
19. „Шоуто на Мери Тајлер Мур“
20. „Твин Пикс“.