Занимливости
ПРИНЦ ВИЛИЈАМ: Џорџ е „ѓаволче“, а Шарлот ме учи како е да се има девојче во семејството
Во интервју за виетнамското ТВ шоу „Ток Виетнам“, принцот Вилијам зборуваше и за предизвиците кои ги носи родителството и семеејниот живот. Тој призна дека животот драстично му се сменил откако станал татко.
– Како што можат да посведочат родителите што се наоѓаат во студиото, постојат преубави моменти, и добри и лоши. Тоа за мене беше голема промена, изјави принцот.
Тој рече дека е многу среќен поради поддршката која ја добива од неговата сопруга Кејт Миделтон, иако призна дека му било тешко да се навикне на брачниот живот.
– Се борев од време на време. Кога независен маж ќе влезе во брак и набрзо после тоа ќе добие деца, тоа е животна промена. Ги сакам своите деца и токму преку родителството научив многу нешта за себе и своето семејство. Неверојатно е колку може од нив да се научи за само неколку моменти, изјави принцот Вилијам.
Тој откри дека Џорџ и Шарлот многу се разликуваат.
– Џорџ понекогаш е вистинско „ѓаволче“, постојано ме држи на нозе, но е многу слатко момче. Шарлот не бара толку внимание, но имајте на ум дека немам сестра, така што одгледувањето ќерка за мене е многу динамично. Учам како е да се има ќерка, како да се има девојче во семејството, изјави принцот.
Принцот Вилијам го посети Виетнам за да учствува на Меѓународната конференција за илегална трговија со диви животни.