Принцезата Беатрис и сопругот го открија името на својата ќерка
Јавно е објавено името на најновата принова во кралското семејство, ќерката на принцезата Беатрис.
Принцезата Беатрис (33), внука на кралицата Елизабета II (95), и нејзиниот сопруг Едоардо Мапели (38) пред 12 дена ја добија својата ќерка, а сега е откриено и кое име го добила малечката.
-Сиена Елизабет Мапели Моци. Нашиот заеднички живот само што започна и не можам да дочекам да ги видам сите неверојатни работи кои не очекуваат – напиша Едоардо.
Гордиот тато преку својот Инстаграм го објави нејзиното име заедно со фотографија од отисок од бебешки стопала. Очигледно е дека малечката го добила своето средно име по својата прабаба, кралицата.
Сиена Елизабет е 12-ти правнук на кралицата, и е 11-та во редот за тронот.
Беатрис и Едоардо се венчаа минатата година на тајна церемонија, а девојчето е нивно прво заедничко дете. Едоардо од својата претходна врска го има и синот Кристофер Волф.