Принцезата Беатрис се породи: Кралицата Елизабета стана прабаба по 12-ти пат
Внуката на британската кралица Елизабета, принцезата Беатрис, го роди своето прво дете. Девојчето е 12-ти правнук на кралицата, а е 11-та во редот за тронот.
Принцезата Беатрис (33) роди девојче во саботата навечер, а името сеуште не е познато за јавноста. Беатрис и нејзиниот сопруг Едуардо Мапели (38) се венчаа на тајна церемонија претходната година, а девојчето е нивно прво заедничко дете. Едуардо има син, Кристофер Волф, од претходната врска
Веста ја соопшти самата принцеза на својот профил на Твитер и се заблагодари на целиот персонал во болницата за нивната грижа.
So delighted to share the news of the safe arrival of our daughter on Saturday 18th September 2021, at 23.42, at the Chelsea and Westminster Hospital, London.
Thank you to the Midwife team and everyone at the hospital for their wonderful care.
— Princess Beatrice of York (@yorkiebea) September 20, 2021
-Нејзиното кралско височество принцезата Беатрис и г-дин Едуардо Мапели со задоволство објавуваат дека нивната ќерка се роди безбедно во болницата Челси и Вестминстер во Лондон во сабота, 18 септември 2021 година, во 23:42 часот. Бебето имало два килограми и 800 грама при раѓање. Бабите, дедовците, прабабите и прадедовците беа информирани и воодушевени од веста. Семејството сака да им се заблагодари на вработените во болницата за нивната прекрасна грижа – пишува во официјалното соопштение од палатата.