Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Принцот Ендру и Вирџинија Џуфре постигнаа спогодба

Магазин

Принцот Ендру и Вирџинија Џуфре постигнаа спогодба

Принцот Ендру и Вирџинија Џуфре постигнаа спогодба

Принцот Ендру и Вирџинија Џуфре постигнаа вонсудска спогодба во врска со нејзините наводи за сексуална злоупотреба. Висината на спогодбата нема да биде објавена, а американските медиуми пишуваат дека принцот планира да даде „значителна донација на добротворната организација Вирџинија Џуфре за поддршка на жртвите“.

Во судските документи се наведува дека принцот Ендру (61) „немал намера да ја оцрнува Џуфре (38) во јавноста и дека прифаќа дека таа страдала и како жртва на злоупотреба и како жртва на непотребен јавен напад“. Покрај тоа, принцот жали за неговата поврзаност со Џефри Епстејн кој со години малтретирал млади девојки.

Потсетуваме, судот во средината на јануари ја одби жалбата на принцот Ендру, со што тој беше обвинет за сексуална злоупотреба на малолетничка.

Вирџинија Џуфре го тужела принцот дека сексуално ја злоставувал кога имала 17 години. Таа изјавила дека покојниот Епстејн ја принудил на секс со пријателите, меѓу кои и Ендру. Таа тврди дека Ендру ја малтретирал и во куќата на Епстејн на Менхетен и на неговиот приватен остров, напиша Си-Ен-Ен.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.