Магазин
Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс Трети
Принцот Хари и Меган Маркл конечно одлучија дали ќе присуствуваат на церемонијата на крунисување на кралот Чарлс Трети.
Откако цел свет ја чекаше одлуката на принцот Хари и Меган Маркл и нивното присуство на крунисувањето на 6 мај оваа година, конечно се знае што заклучиле.
Имено, Бакингемската палата потврди дека на церемонијата ќе присуствува принцот Хари, но дека неговата сопруга Меган ќе остане во САД.
-Бакингемската палата со задоволство потврди дека војводата од Сасекс ќе присуствува на крунисувањето во Вестминстерската опатија на 6 мај. Војвотката од Сасекс ќе остане во Калифорнија со принцот Арчи и принцезата Лилибет – стои во изјавата на портпаролот на палатата за „Page Six“.
Принцот наводно ќе престојува во кралската резиденција Фрогмор Котиџ, а ова воедно ќе биде негова прва средба со кралското семејство по објавувањето на неговите мемоари „Spare“ во кои упати многу обвинувања против најблиските членови на семејството.
Се верува дека оттогаш не разговарал со својот татко, кралот Чарлс, ниту со својот брат, принцот Вилијам, но веќе е познато дека нема да може да застане со нив на познатиот балкон бидејќи повеќе не извршува кралски должности.