Магазин
Принцот Хари отпатува за Калифорнија по кратката средба со неговиот татко
Принцот Хари се враќа во Калифорнија по еднодневната посета на Велика Британија, пишува Дејли Меил. Тој пристигна во Лондон да го посети својот татко, кралот Чарлс, на кој неодамна му беше дијагностициран рак.
Војводата од Сасекс денеска е виден на лондонскиот аеродром Хитроу, откако вчера со полициско возило беше изнесен од истиот аеродром. Неговата сопруга Меган Маркл и децата, принцот Арчи и принцезата Лилибет, во тој период останаа дома во Калифорнија.
Потсетуваме, Хари пристигна во Лондон вчера околу 14 часот и 40 минути, а потоа се сретна со Чарлс во кралската резиденција. Британските медиуми јавуваат дека имале кратка средба од 45 минути пред кралот и Камила да бидат одвезени во Бакингемската палата од каде со хеликоптер се упатиле во резиденцијата во Сандрингам. Гласините велат дека Хари ја поминал ноќта во хотел во Лондон откако се сретнал со својот татко. Не се сретнал ни својот брат Вилијам.
„Хари е всушност бездомник кога ја посетува својата татковина“, пишува Дејли Меил и објаснува дека минатата година бил исфрлен од Фрогмор Котиџ, откако ги одбил кралските должности. Минатата година Хари наводно сакал да го посети гробот на мајка си и побарал сместување во Виндзор, но палатата го одбила.